Во патничко возило „крајслер војаџер“ пронајдена марихуана

од Milan1
243 прегледи

Вчера во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Г.М.(32) од Кичево и Х.Б.(28) од с.Подвис. При контрола на патничко возило „крајслер војаџер”, со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај Г.М. била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични содржини