Научниците открија 16 милиони години стар фосилизиран череп на речен делфин кој некогаш пливал во водите на денешниот Амазон, чиј најблизок жив роднина е јужноазискиот делфин од реката Ганг во Индија.
Палеонтологот Родолфо Салас изјави дека черепот му припаѓа на најголемиот делфин за кој е познато дека живее во водите на Јужна Америка, кој бил долг помеѓу 3 и 3,5 метри. Името го добило Пебаниста јакуруна по Јакуруна, перуанско митолошко суштество кое живеело во длабоки води.
„Овој делфин е поврзан со делфинот кој денес живее во индискиот Ганг“, рече Салас, додавајќи дека фосилот пронајден во Перу е многу поголем од неговите живи роднини во Азија.
Тој, исто така, открил дека и двата вида делфини живееле во океанот.
“Ова им овозможи да заземаат големи океански простори во близина на бреговите на Индија и Јужна Америка. И во регионот на Амазон и во Индија, овие животни живееле во слатководни средини, но оние од Амазон за жал изумреле, а тие преживеале во Индија” објасни Салас.
Резултатите од студијата беа објавени во списанието Science Advances.