303
Најмалку 70 лица загинаа во лизгање на земјиште и поплави во источна Индонезија, се вели во новиот извештај објавен утрово од страна на локалните власти.
„Најмалку 42 лица се водат како исчезнати“, изјави портпаролот на Индонезиската агенција за вонредни состојби.
Најмалку 16 лица беа убиени во Источен Тимор.
Обилните дождови се причина за поплави и лизгање на земјиштето во Индонезија, каде годишно умираат десетици луѓе меѓу милиони што живеат во планински области или долини на реки.
Во јануари 40 лица загинаа во две одрони во провинцијата Западна Јава.