Во придружба на адвокат и родители се предаде и вториот малолетник осомничен за бруталното убиство на Мијатовиќ

од Илинка Илиоска
389 прегледи

Уште еден малолетник, кој е осомничен дека учествувал со шеснаесетгодишник во убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ во неделата во Вождовац, е идентификуван како Н.З. (17) и уапсен. Тој, како што пренесоа српските медиуми, се предал во придружба на адвокат и родители.

Двајцата малолетници ќе одговараат за тешко убиство.

Утрово 16-годишниот напаѓач на Мијатовиќ беше сослушан пред судијата за малолетници на Вишиот суд по неговото апсење, по што Вишото јавно обвинителство во Белград предложи да му биде одреден притвор.

Притворот е предложен за да не влијае на сведоците кои ќе бидат сослушани во текот на истрагата, поради опасност да го повтори делото доколку биде пуштен на слобода, како и поради вознемиреност во јавноста, потврдија за Курир од Вишото јавно обвинителство во Белград.

Починатиот Ѓорѓе Мијатовиќ, кој живеел во зградата во близина на паркот каде се случи злосторството, е помлад брат на Војин Мијатовиќ, министер во Владата на Босна и Херцеговина.

Според неофицијални информации, Мијатовиќ бил нападнат од група малолетници кои, според соседите, претходно го малтретирале неговиот син. Тој бил брутално нападнат и претепан, а се здобил со тешки повреди на главата.

Дачиќ: „Напаѓачите на Мијатовиќ се идентификувани, едниот е уапсен, а другиот ќе се предаде“

Слични содржини