Судот одреди притвор за уште тројца напаѓачи на пратеникот Зијадин Села . Оливер Ошаковски и Сашо Сенков кои беа вчера приведени, како и Александар Јаневски – Тошта чија одлука се одложи поради неговата здравствена состојба, добија 30 дневен притвор.
Претходно 30 дневен притвор јавен обвинител од ОЈО определи Андреј Мицов (22), Никола Војминовски (39), Коста Делов (26) и Стојан Павлески – Кобра (51) сите под истрага за убиство во обид со соизвршителство, за нападот врз пратеникот Зијадин Села.
На Александар Јаневски – Тошта (57) осомничен за истото дело, не беше определена мерка, бидејќи за време на распитот во полициската станица му се слошило и бил пренесен на кардиологија.
За обидот за убиство на Села, пред неколку месеци беа уапсени и обвинети Кире Ѓоргиевски и неговиот татко и тие се наоѓаат во истражниот затвор Шутка.
ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека пратеничката група на коалицијата ќе поднесе амандман на Законот за амнестија или ќе предложи посебен закон за прекин на постапката и ослободување на лицата учесници во немилите настани од 27 април 2017.
„Сметаме дека овој чин ќе придонесе кон помирување во Македонија и релаксирање на политичките тензии“, пишува во соопштението.
СДСМ возврати Не смее да има амнестија за оние кои се обидоа да убиваат пратеници, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека стои зад крвавиот четврток.