Во руските напади ширум Украина денеска убиени 12 цивили, тврдат украинските власти

од Milan1
9 прегледи

Дванаесет лица загинаа, а шест се повредени денеска во руските напади врз регионите Доњецк, Херсон, Никопол и Запорожје, соопштија украинските власти.

Десетици домови и инфраструктура беа оштетени во нападите во текот на претходниот ден, соопштија локалните власти.

– Околу 180 луѓе се евакуирани од Доњецк, изјави регионалниот гувернер Вадим Филашкин на Телеграм.

Руските напади, исто така, беа насочени кон инфраструктурни објекти, вклучително и далноводи во регионите Киев и Потлава, но нема повредени цивили, изјавија официјални лица.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека собориле 87 од 160-те руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта.

Слични содржини