Во сабота авионската дезинсекција против комарци во Скопје

од Vladimir Zorba
65 прегледи

Првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши во сабота (11 мај), во раните утрински часови.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, , информираат од Град Скопје.

Оттаму апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.