228
Во Шабац денес беа предадени клучевите од 25 новоизградени станови, наменети за бегалците од Босна и Херцеговина и Хрватска.
Становите се изградени како дел од Регионалната програма за домување, под-проект 2.
Вкупната бруто површина на објектот е 1.584 м2, вредноста на работите е 540.504,65 евра, а употребното одобрение е издадено на 30 септември годинава, соопшти Комесаријатот за бегалци и миграции.