161
Во Шпанија, 2022 година беше најтоплата година барем од 1916 година кога почнаа мерењата, соопшти Националната метеоролошка агенција (АЕМЕТ).
Агенцијата го објави тоа на Твитер, истакнувајќи дека тоа е „првпат просечната годишна температура да надмине 15 Целзиусови степени“ и да достигне речиси 15,5 степени.
„До 2011 година температурата не надминуваше 14,5 степени. После тоа, тоа се случи пет пати“, додаде АЕМЕТ.