Во Скопје и Тетово поради дрога уапсени 9 лица

од Milan1
49 прегледи

Вчера полицијата приведе 9 лица, од кои едниот е малолетник, а највозрасниот има 44 години. Акциите полицијата ги изврши на териториите на Скопје и на Тетово. Кај нив беа пронајдени и одземени различни наркотични средства, вклучувајќи марихуана, кокаин и прашкасти материјали.

– Околу 21:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Н.А. (44) од с.Доброште, тетовско. Кај него бил пронајден и одземен кокаин.

Подоцна полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И. (29) од Скопје. Кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Претходно на територијата на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М. (19) од Скопје. Кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 21:40 часот, исто така во Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А. (20) од Скопје. Кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Апсење имало и во Чаир кадешто полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.З. (30) од Скопје. Кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Лишиен од слобода бил и Ф.Л. (29) од Скопје кого полицијата го приведен во Аеродром. Кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода малолетник од населба Илинден, скопско. Кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Полициски службеници од СВР Скопје во населбата Ѓорче Петров го лишиле од слобода Д.А. (32) од Скопје. Кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја.

„Сите лица се приведени и ќе бидат процесуирани согласно законот. Полицијата продолжува со активностите за спречување и откривање на незаконска трговија со дрога. За секое лице ќе бидат преземени соодветни мерки согласно нивната одговорност“, информираат од МВР.

Слични содржини