Во скопски Сарај енормно голема потрошувачка на вода, опасност од сериозен дефект, зафатот ќе трае 10 часа

од Milan1
54 прегледи

Поради енормно голема потрошувачка на вода во општина Сарај, технички се јавува преоптоварување на системот за фреквентна регулација на четирите електромоторни погонски единици во Пумпена станица Сарај, информираат од Центар за управување со кризи.

Неопходен е технички софтверски зафат со проценето време од минимум 10 часа, во кои нема да работи ПС Сарај, хидрофор Глумово, ПС Горна Матка и ПС Арнакија.

-Доколку продолжи нерационалната потрошувачка на вода, можно е да се појави сериозен дефект во Пумпена станица Сарај. На ден 03.07.2025 година до 24:00 часот, ќе има прекин на водоснабдувањето во с. Сарај, с. Глумово, с. Долна Матка с.Горна Матка, с. Љубин и с. Арнакија, велат од ЦУК.

ЈП Водовод и канализација ќе обезбеди цистерни за цело времетраење на прекинот со водоснабдување.

Слични содржини