Во светот има рекордни 76 милиони раселени лица

од Milan1
128 прегледи

Kонфликтот во Судан и Газа го зголеми бројот на внатрешно раселените луѓе во светот на рекордни 75,9 милиони на крајот на 2023 година, објави денеска невладина организација.

Центарот за следење на внатрешно раселување (ИДМЦ) соопшти дека бројката е ново највисоко ниво на крајот на годината, поттикната од „алармантно ново ниво на луѓе кои мораат да ги напуштат своите домови“.

Според нив, бројот на раселени лица во гранците на државите каде живеат е зголемен за повеќе од 50 проценти во изминатите пет години.

Слични содржини