Во Турција уапсени 544 лица поради врски со Фетула Ѓулен

од Milan1
172 прегледи

Турските власти уапсија 544 лица осомничени за врски со проповедникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува за организатор на обидот за пуч во 2016 година.

544 лица се уапсени во операција спроведена во 62 од 81 провинција во Турција, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на мрежата „Х“, а пренесува „Бета“.

Светската здравствена организација верува во билансот на жртви во Газа

Осомничените се обвинети дека аплицирале за испитот за државна служба по налог на движењето Фетула Ѓулен и користеле шифриран комуникациски систем Бајлок.

Слични содржини