Турскиот происламски весник „Герчек Хајат“ смета дека по враќањето на статусот на Аја Софија во џамија, време е за заживување на калифатот.

Адвокатската комора на Анкара ја обвини „Герчек Хајат“ дека повикува на востание и поднесе кривична постапка против списанието, барајќи од Обвинителството да покрене истрага.

Според нив, главниот уредник на весникот Кемал Озер и коментаторот Абдурахман Дилипак „предизвикале омраза и повикале на вооружено востание против турската држава“.

Скандалот го предизвика последниот број на списанието, кое беше објавено на 27 јули, на насловната страна на кое беше напишано: „Подгответе се за калифат. Кога, ако не сега? Ако не вие, кој?“ Интервјуто на самиот Дилипак, кој важи за конзервативен новинар, исто така предизвика голема бура во јавноста. Претходно, тој повика на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да му биде доделена титулата калиф, што според новинарот, тој го заслужил.

Портпаролот на турската владејачка партија АКП, Омер Челик, рече дека списанието „во потрага по нездрава поларизација, ги доведува во прашање темелните принципи на Турција“.

Сепак, Кемал Озер, главен уредник на списанието, рече дека критичарите погрешно ја разбрале пораката на весникот.

„Нашето списание бара исламските земји да се обединат, исто како што Европа се обедини и формираше сојуз, како што тоа го сторија другите. Нашиот повик не е насочен против ниту една држава“, рече тој.

Слични содржини