Во угостителски објект на автопатот Тетово – Гостивар, приведени 4 странски државјанки

од Milan1
53 прегледи

Денеска во раните утрински часови полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на локација на автопатот Тетово – Гостивар.

При акцијата, поради злоупотреба на туристички престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени четри странски државјанки, и тоа две од Република Албанија, една од Косово и една од Молдавија кои биле на возраст од 26 до 31 година.

Лицата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.

Слични содржини