Во Виетнам 100 зависници од дрога избегале од центар за детоксикација

од Radmila Tasevska
210 прегледи

Виетнамските власти трагаат по околу 100 пациенти кои избегале од пренатрупаниот јавен центар за лекување зависност од дрога во делтата Меконг, објавија денеска локалните медиуми.

Виетнам има повеќе од 30.000 регистрирани зависници од дрога кои се лекуваат во јавни установи, од кои некои се принудени со закон да поминат до две години во затворени одделенија.

Повеќето од приведените пациенти тешко се одвикнуваат од дрога во овие центри, а дел се сместени во самица поради кршење на правилата на однесување.

Виетнам експериментира со повеќе опции за третман на зависност, но центрите за детоксикација остануваат најчеста опција.

Центрите се широко поддржани од владата и јавноста како одржлива опција за лекување, но експертите за зависности велат дека тоа не функционира и пациентите честопати се враќаат на употреба на дрога.

Слични содржини