„Војната“ меѓу Маск и Шолц продолжува: „Глупавиот канцелар“ ги губи изборите

од Milan1
122 прегледи

Вербалната војна меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот милијардер Илон Маск продолжува со несмалено темпо. По реакцијата на Шолц и пораката дека Американците не треба да се мешаат во германските избори, од другата страна на Атлантикот пристигна навредлив одговор:

„Канцеларот Оф Шиц, (глупиот канцелар) или како и да се вика, ќе изгуби“, напиша Илон Маск на социјалната мрежа „Икс.

Вака американскиот бизнисмен одговори на обвинувањата за мешање во изборите.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во новогодишното обраќање ги повика граѓаните да не дозволуваат „сопствениците на социјалните медиуми“ да одлучуваат за исходот од германските избори, откако Маск, повеќе пати ја поддржа екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD).

Шолц изјави дека само германските граѓани имаат моќ да одлучат „по кој пат ќе тргне Германија“, по изборите закажани за 23 февруари, пишува „Гардијан“.

Олаф Шолц претходно изјави дека сака повторно да ја преземе функцијата канцелар на Германија.

Слични содржини