Индија го забрани извозот на пченица, а одлуката на државата стапи на сила во петокот доцна навечер, соопшти владата во Њу Делхи.
Вториот најголем производител на пченица во светот се обидува да ја намали цената на локалниот пазар. Испораките на пченица се дозволени само во случаи кога продажбата била одобрена претходно, додаде владата, објави Ројтерс.
Откупувачите од целиот свет се обратија кон Индија за откуп на пченица, откако беше прекинат извозот на пченица од Украина по рускиот напад во Украина.