Вонредни контроли во Скопје: АХВ за 6 месеци уништи стотици килограми небезбедна храна

од Илинка Илиоска
23 прегледи

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најавува дека ќе продолжат вонредните инспекциски контроли во Скопје, откако минатата недела кај некои оператори со храна се утврдени недоследности во однос на хигиената и во однос на ставањето во промет небезбедни производи.

Истовремено, нагласува АХВ, се спроведуваат и редовните контроли согласно Годишниот план.

Минатата недела беа спроведени засилени контроли во главниот град како честа туристичка дестинација. Контроли беа спроведени кај оператори со храна, вклучувајќи ги Бит Пазар, Пластичарска улица и Старата скопската чаршија. Таму контроли беа спроведени кај 62 оператори – кафе барови, ресторани, гостилници, сендвичарници, пекарници, слаткарници бурекџилници, ќебапчилници, месарници и чајџилници и други.

Вонредни контроли во Скопје минатата недела беа спроведени и кај оператори кои се занимаваат со трговија на производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Надзори се спроведени кај десеттина оператори и еден магацин за оваа категорија производи. Со контролите најдени се оператори со нерегистрирана дејност при што е наложено нивна регистрација.

-Кај некои оператори со храна утврдени се недоследности во однос на хигиената за што е наредено спроведување мерки за чистење и дезинфекција, немање санирани книшки за вработените, но и недоследности од поголем обем како што се ставање во промет на небезбеден производ, недеклариран производ, чување на храна ва амбиентална температура, а пронајдени се и оператори со нерегистрирана дејност. Во тридневните спроведени вонредни контроли, инспекциските служби на АХВ издадоа 33 решенија за утврдените недоследности, а изречени се и 14 парични казни. Покрај ова изречени се и мерки за забрана за вршење на дејност до исполнување на условите, наредено е регистрирање на нерегистрираните оператори со храна, а како небезбедни уништени се 640 килограми храна од животинско потекло, наведува АХВ.

Според Агенцијата, ќе продолжат и инспекциските надзори на зелените пазари во Скопје.

-Инспекциските служби на АХВ во петокот спроведоа надзор и во месарница во туристичкиот центар Охрид. Поради нечитка декларација и пласирање на небезбеден производ на пазарот, нештетно се уништени 10,7 килограми смеса од мелено месо. На правното лице изречена му е глоба од 1000 евра, а на одговорното лице во правното лице дополнителни 400 евра казна во денарска противвредност, информира АХВ.

Во првите 6 месеци од годинава во внатрешниот промет спроведени се 24.335 инспекциски контроли. Изречени вкупно 2 433 инспекциски мерки. Уништени 37,6 тони и 13.654 литри небезбедна храна. 

Слични содржини