Вооружен напад во истанбулска болница: Пет лица ранети, напаѓачот во бегство

од Илинка Илиоска
13 прегледи

Во итната медицинска помош на болница во Истанбул пет лица се ранети кога непознато лице пукало од огнено оружје.

Според турскиот медиум ТРТ Хабер, меѓу петтемина повредени има полицаец, припадник на жандармеријата, приватно обезбедување и двајца цивили. Ниту еден од нив не е опасен по живот.

Во нападот е оштетена зградата на болницата и амбулантно возило.

Во соопштението на гувернерот на Истанбул беше објавено дека непознато лице побегнало од местото на настанот, а возилото што го користел напаѓачот било пронајдено напуштено.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Слични содржини