Неколку лица се повредени кога едно лице отвори оган на Универзитетот во Хајделберг во Германија.
Нападот започнал околу 13.50 часот по локално време, а според неофицијални информации напаѓачот, кој наводно одел на универзитетот, се самоубил по крвавиот пир.
Засега не се познати бројот и идентитетот на ранетите.
Не е познато кој бил мотивот на напаѓачот кој вооружен почнал да пука во амфитеатарот. Наводно дошол на универзитетот вооружен со неколку пушки.