Вооружени напаѓачи во Мексико ја убија градоначалничката на Котиха

од Илинка Илиоска
818 прегледи

Вооружени напаѓачи ја убија градоначалничката на Котиха, град во западниот дел на Мексико, Јоланда Санчез  само неколку часа откако Клаудија Шајнбаум беше избрана за прва жена претседател на земјата.

Јоланда Санчез беше застрелана во понеделникот во градот Котија, со кој управуваше од септември 2021 година, а таа беше првата жена што ја извршуваше таа функција во Мексико, јавува Би-Би-Си.

Локалните медиуми објавија дека таа била застрелана 19 пати и починала во болница набргу по нападот, а во престрелката загинал и нејзиниот телохранител.

Владата на државата Мичоакан го осуди убиството на претседателката на општина Котиха.

Потрагата по одговорните за убиството е во тек.

Во септември минатата година, Санчез Фигуероа беше жртва на киднапирање недалеку од Гвадалахара.

Убиството се случува 24 часа откако за првпат во историјата на земјата жена беше избрана за претседателка на Мексико. Клаудија Шајнбаум Пардо, кандидатка на левичарската партија Морена на изборите минатиот викенд освои речиси 60 отсто од гласовите.

Слични содржини