Вооружено судирање на индиските и кинеските сили во петокот во градот Таванг

од Radmila Tasevska
191 прегледи

Индиските и кинеските сили во петокот се судриле во градот Таванг, во индиската држава Аруначал Прадеш, јави денеска агенцијата АНИ, повикувајќи се на свои безбедносни извори.

Судирот резултирал со неколку полесно повредени војници на двете страни, јавуваат Британските медиуми. Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи не одговори на барање за коментар. Индија и Кина делат спорна граница долга 3.800 километри, каде што нивните сили претходно следеа долгогодишни протоколи за избегнување употреба на какво било огнено оружје во целата должина на де факто границата, позната и како Линија на вистинска контрола (LAC).

Слични содржини