Воз во Франција прегази тројца мигранти кои лежеа на шини

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Три лица загинаа, а еден маж се бори за живот, по несреќата во југозападна Франција, во близина на границата со Шпанија, во која воз прегази мигранти што лежеа на пругата.

Инцидентот се случил утрово околу шест часот, во крајбрежен град во близина на Бијариц. Истрагата е во тек, а причината зошто мигрантите лежеа на пругата се уште не е позната. Идентитетот на жртвите се уште не е познат, пренесува Би -Би -Си.

Полицијата вели дека тоа е добро позната рута што ја користат мигрантите.

Мајорот Енеко Алдана-Дуат рече дека „лежеле или спиеле“ на пругата, кога дошол возот.

Мигрантот кој преживеал и има скршеница на ногата е префрлен во болница, а полицијата соопшти дека сите се од Алжир.

Се работи за воз кој сообраќа од Андите до Бордо.

Нормален железнички сообраќај беше воспоставен неколку часа по трагичната несреќа.