(ВОЗЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Човекот што го срамни со земја Мариупол убиен во Русија

од Milan1
33 прегледи

Ветеранот од војната во Украина, Заур Гурциев, беше убиен во експлозија во Ставропол, Русија, пишува порталот „Медуза“.

По враќањето од бојното поле, Гурциев се приклучи на програмата „Време на херои“, иницијатива на Кремљ насочена кон вработување на воени ветерани на владини позиции и служеше како прв заменик-градоначалник.

Неговата смрт ја објави гувернерот на Ставрополската област, Владимир Владимиров.

Според гувернерот, Гурциев починал „како резултат на ноќен инцидент на улицата Чехова“, но не ја прецизираше природата на тој инцидент.

Тој додаде дека на местото на настанот се припадници на полицијата и безбедносните служби.

– Се разгледуваат сите можни сценарија, вклучително и терористички напад во кој учествувале нацисти од Украина, рече Владимиров.

Претходно, градоначалникот на Ставропол, Иван Улјанченко, објави дека се случила „гласна експлозија“ во близина на станбена зграда на улицата Чехова, при што загинале двајца мажи.

Телеграмските канали „Меш“ и „Шот“ шпекулираат дека најверојатно експлодирала рачна граната. Во експлозијата беа оштетени и неколку автомобили.