(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Курдите отворија оган врз демонстрантите

од Milan1
267 прегледи

Некои Телеграм канали објавија вознемирувачки снимки од улиците на сирискиот град Рака, каде курдските безбедносни сили употребија огнено оружје против демонстрантите кои бараа ослободување на заробените милитанти.

Драматичните снимки протекоа во јавноста покажуваат голема толпа луѓе собрани на градските улици, опкружени со паркирани возила. Демонстрантите побараа ослободување на милитантите кои неодамна презедоа контрола врз дел од градот, што предизвика остра реакција од курдските безбедносни сили.

Ситуацијата брзо ескалира кога припадниците на курдските сили почнаа да пукаат врз насобраните демонстранти. На снимката јасно се гледа моментот кога дошло до пукање, по што настанал хаос на улиците, а луѓето почнале панично да трчаат барајќи засолниште.

Овој инцидент дополнително ја комплицираше и онака сложената ситуација во Рака, град кој стана симбол на конфликтот меѓу различните фракции во сириската граѓанска војна. Тензиите меѓу локалното население и курдските сили кои го контролираат градот достигнаа ново ниво на ескалација, предизвикувајќи загриженост кај меѓународната заедница.

Слични содржини