Жената не сакала ниту да им признае на пријателите дека е бремена. Таа им кажала дека се здебелила. Местото каде што се породила било полно со крв. Бебето било пронајдено живо, но набргу починало.
Надзорните камери го снимиле шокантниот момент кога жената се пораѓа за време на уличен фестивал, го остава бебето да умре и оди на забава. Хоророт се случил на фестивалот „Songkran“ во Бангкок на 14 април, Мајката по породувањето заминува како ништо да не се случило, пишува „Daily Mail“.
Жената (27), која полицијата ја именува како Пијатида, може да се види како ги соблекува панталоните и како се витка покрај паркиран автомобил. Потоа остава нешто зад растенијата во саксии пред да се врати назад на фестивалот. И покрај тоа што бебето давало знаци на живот, итната реанимација не му го спасиле животот.
Пијатида наводно била видена по породувањето како прска вода со пријателите додека крвта течела по нејзините нозе. Кога била фатена, таа прво негирала дека е мајка на детето, но подоцна признала и итно била пренесена во болница. Местото каде го оставила бебето било полно со крв.
За време на полициското испрашување, Пијатида, која наводно била под дејство на алкохол, изјавила дека има уште две деца и двајца поранешни сопрузи. Децата сега се кај роднините на поранешните партнери. Но, полицијата не можела дополнително да ја сослуша бидејќи по голема загуба на крв се уште се лекува во болница.
Нејзината 20-годишна пријателка Ам за медиумите изјавила дека решила да ги прекине врските со Пијатида поради нејзината суровост. Се сомневала дека Пијадита е бремена, но таа и кажала дека се здебелила.
Ве предупредуваме дека следниов текст содржи вознемирувачки фотографии, видеа и информации!