Вработените во OpenAI и Google потпишаа петиција против воената употреба на ВИ

Во петицијата се тврди дека Министерството за војна на САД се обидува да изврши притисок врз технолошките компании за да обезбеди пристап до напредни модели на вештачка интелигенција за воени цели

од Кристијан Димков
16 прегледи Фото: Вештачка интелигенција

Голем број на сегашни и поранешни вработени во „OpenAI“ и „Google“ потпишаа заедничка петиција со која се спротивставуваат на употребата на технологиите за вештачка интелигенција на нивните компании за масовен надзор и развој на оружје што може да работи без човечка контрола.

Онлајн петицијата, насловена како „Нема да бидеме поделени“, ги повикува вработените во двете компании да се спротивстават на тоа што тие го нарекуваат „опасни насоки во развојот и примената на технологијата за вештачка интелигенција“. Потписниците мора да поминат низ процес на верификација, но можат да останат анонимни. До петокот, повеќе од 220 вработени го потпишале документот, вклучувајќи 176 од „Google“ и 47 од „OpenAI.

Во петицијата се тврди дека Министерството за војна на САД се обидува да изврши притисок врз технолошките компании за да обезбеди пристап до напредни модели на вештачка интелигенција за воени цели. Особено, се истакнува можноста за користење на Законот за производство на одбраната за да се принуди компанијата „Anthropic“ да ја стави својата технологија на располагање на војската и да ја прилагоди на воените барања.

Извештаите наведуваат дека американскиот секретар за војна, Пит Хегсет, поставил рок за извршниот директор на „Anthropic“, Дарио Амодеј, да обезбеди широк пристап до модели на вештачка интелигенција на американската војска, предупредувајќи за можни последици доколку одбие. За време на посетата на Масковата „SpaceX“ , Хегсет го опиша развојот на вештачката интелигенција како „трка во вооружување“ и повика на побрза примена на напредните технологии за воени цели.

„Anthropic“ изјави дека нема да дозволи неговите системи да се користат за масовен надзор на граѓаните ниту пак за развој на оружје кое работи без човечка контрола. Во петицијата на вработените се вели дека властите се обидуваат да извршат притисок врз поединечни компании под претпоставка дека конкурентите ќе ги прифатат барањата на владата.

Експертите предупредуваат дека користењето на вонредни овластувања за национална безбедност за притисок врз приватните технолошки компании би претставувало преседан. Дин Бол од Фондацијата за американски иновации изјави дека таков пристап би можел да има сериозни последици за технолошката индустрија, вклучитајќи ја и можноста за делумна национализација на некои компании или нивно повлекување од пазарот.

Потписниците на петицијата ги повикаа раковододствата на технолошките компании да заземат обединет став и да ги одбијат барањата за користење на системи со вештачка интелигенција во масовен надзор и автономни воени операции без човечка контрола, според Business Insider.