Суданската војска соопшти дека нејзиниот врховен командант преживеал напад со дрон во кој загинаа пет лица на воена церемонија, пренесува АП.
Армијата соопшти дека нејзиниот врховен командант, генерал Абдел-Фатах Бурхан, преживеал напад со беспилотно летало на воената церемонија на дипломирање во која загинаа пет лица на истокот на земјата.
Нападот со два дрона се случи во Гебајт, град во источен Судан, по завршувањето на церемонијата. Воениот началник Бурхан, кој беше присутен, не е повреден, според потполковникот Хасан Ибрахим од канцеларијата на воениот портпарол.
Повеќе од една година Судан е растргнат од војната меѓу армијата и моќната паравоена група Сили за брза поддршка. Со борбите во главниот град Картум, военото раководство главно оперира од источен Судан во близина на брегот на Црвеното Море.
Обидот за атентат дојде речиси една недела откако водачот на суданската паравоена група рече дека планира да присуствува на разговорите за прекин на огнот во Швајцарија следниот месец, организирани од Соединетите држави и Саудиска Арабија.
Генералот Мохамед Хамдан Дагало, шеф на силите за брза поддршка кои се борат против суданската армија, тогаш нагласи дека разговорите ќе станат „голем чекор“ кон мирот и стабилноста во Судан и ќе создадат нова држава заснована на „правда, еднаквост и федерално владеење “.