Втор ден од сослушувањата пред МСП за активностите на Израел на палестинските територии

од Radmila Tasevska
160 прегледи

Денеска е вториот ден од сослушувањето пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) за правните последици од израелската окупација на палестинските територии.

Рочиштата ќе се одржуваат до 26 февруари, по што се очекува судиите неколку месеци да расправаат пред да дадат советодавно мислење.

Според претходните најави, денеска треба да се обратат претставници на Јужноафриканската Република, Алжир, Саудиска Арабија, Холандија, Бангладеш, Белгија, Белизе, Боливија, Бразил, Канада, Чиле.

Утре се планирани претставници на Колумбија, Коморските Острови, Куба, Египет, Обединетите Арапски Емирати, САД, Русија, Франција, Гамбија, Гвајана, Унгарија.

На 22 февруари се планирани обраќања на Кина, Иран, Ирак, Ирска, Јапонија, Јордан, Кувајт, Либан, Либија, Луксембург, Малезија, Маурициус.
На 23 февруари се Намибија, Норвешка, Оман, Пакистан, Индонезија, Катар, Обединетото Кралство, Словенија, Судан, Швајцарија, Сирија, Тунис.
И на 26 февруари предвидено е да зборуваат претставници на Турција, Замбија, Арапската лига, Организацијата за исламска соработка, Африканската Унија, Шпанија, Фиџи и Малдиви.

Генералното собрание на Обединетите нации во 2022 година побара од МСП да даде советодавно, односно необврзувачко мислење за правните последици од израелската окупација на палестинските територии.

Слични содржини