159
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, ќе се сретнат во понеделник на 27 февруари во Брисел како дел од продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, најави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.
Борел, со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти, по што, според најавата, ќе имаат заедничка средба.
Се додава дека во фокусот на средбата ќе биде европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, пренесува N1.