Вучиќ: Албански терорист уби полицаец

од Milan1
224 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Албанец во терористички акт го убил полицаецот Никола Крсмановиќ во Лозница и дека ќе се направи се за да му се помогне на семејството, но дека овој млад живот не може да се врати.

„Уште еднаш сакам да изразам сочувство до семејството на Никола Крсмановиќ, нашиот полицаец кој беше убиен од овој Албанец во терористички акт. Она што можеме да направиме е да му помогнеме на семејството, да изразиме сочувство. За жал, не можеме да го вратеме тој млад живот“, рече тој пред новинарите во Лондон.

На прашањето дали има нови информации за случајот и дека непосредно пред неговото вклучување се уапсени две лица, тој рече дека апсењето е извршено и дека за случајот добива информации од МВР.

Слични содржини