Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа зборуваше од Брисел, каде беше во еднодневна посета, при што се сретна со повеќе високи претставници на Европската унија, јавуваат српските медиуми.
„Имавме бројни разговори денеска во Брисел. Разговорот со Каја Калас беше отворен, но не беше лесен. Таа инсистираше на воведување санкции против Русија, продолжување на дијалогот и компромис со Приштина, забрзано решавање на случајот Бањска. Во согласност со политиката и интересите на Србија, ѝ одговорив“, рече тој.
„Имав добар разговор со [Џим] О’Брајан, се надевам на американска поддршка за отворање на кластерот 3. Разговаравме за последниот инцидент на каналот Ибар-Лепенац, им повторив дека Белград не е вклучен, но ја водиме нашата истрага и се надевам дека ќе дојдеме до одредени резултати“, продолжи Вучиќ.
„За нас е важно да ги исполниме условите што се поставени, но ако воведеме санкции кон Русија, сите врати би ни биле отворени. И ако го признаеме независно Косово, тогаш сè би било можно, но ние не сме заинтересирани. Нема да ја сменам политиката што ја донесовме, не ми е гајле што и кој ќе ме критикува Досега на добар начин ја водевме земјата Посебна чест за мене, знамето што го носев во ОН, таа е тоа е врамено и стои како свечено знаме во Претседателството, за да остане запаметено дека ги победивме за прв пат во историјата, против најмоќните земји во светот“, рече Вучиќ.