Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, реагирајќи на одлуката на Централната изборна комисија во Приштина, рече дека премиерот на привремените приштински институции „Аљбин Курти со помош на своите сојузници сака да го истреби српскиот народ од јужната провинција.
„Нашите луѓе во Република Српска се во се потешка ситуација и, како што слушам, по тој повод од утре заседава и Парламентот на Српска. Истовремено, Аљбин Курти се обидува да го елиминира единствениот политички противник на Косово, а тоа е Српската листа. Курти со помош на своите сојузници сака да го истреби српскиот народ од јужната покраина. Исто така, очекувам дека во следните седум дена ќе бидат обелоденети американските санкции против НИС. Кога на тоа ќе се додадат жестоките напади на различни групи на притисок во земјата, на сите им е јасно дека крајната цел е колапс на Србија. Србија никому нема да ја дадеме и Србија нема да запре! Нема предавање!“, изјави Вучиќ.
Членовите на Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина не одобрија Српската листа да учествува на изборите на 9 февруари 2025 година, иако Канцеларијата за регистрација и акредитација на политички субјекти препорача Српската листа да може да учествува на изборите.