22
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, за време на неговото учество на Светскиот економски форум во Давос се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
„Со претседателот Зеленски за актуелната геополитичка и регионална ситуација, можностите за постигнување одржлив мир и стабилност на нашиот континент, како и енергетската безбедност. Изразив надеж за континуирана добра и отворена соработка меѓу двете земји со цел подобар живот на нашите граѓани и взаемна поддршка на нашиот заеднички европски пат“, напиша Вучиќ на Инстаграм.