Вучиќ пристигна во Нови Сад: Никој нема да се извлече

од Milan1
69 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пристигна во Нови Сад, каде им се обрати на насобраните граѓани.

– Голема трагедија ја снајде нашата земја. Пред малку запалив свеќа на Железничка станица. Огромна тага го погоди секој град и секое село во нашата земја. Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните. Никој нема да се извлече, колку и да е близок до власта, ако направил некоја грешка. Сакам да им се заблагодарам на двајцата прекрасни луѓе кои се грижеа за нашите простории. Не се плашеа од глутницата. Ни го згазија знамето и го уништија Градското собрание. Сето она што се градело со векови во нашиот прекрасен град. Вечерва сакам да кажам три пораки.

– Сите виновници, сите што се виновни ќе одговараат за она што се случи во Нови Сад. Ќе им помогнеме на семејствата на жртвите и ќе се погрижиме оние кои загинаа никогаш да не бидат заборавени, изјави Вучиќ.

Слични содржини