Александар Вучиќ, претседателот на Србија, гостуваше на ТВ Пинк, каде зборуваше за актуелните политички прашања и приведувањето на Северина Вучковиќ на граница.
„Сега ќе ве изненадам со тоа што ќе ви го кажам. Му се јавив на Дачиќ утрово, го разбудив, да видам што се случува со Северина. Ми рече дека не е приведена, но дека два часа ја држеле на граница. И јас мислам дека тоа е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која мислам се најлошо. Мораме да се разликуваме од нив во се. Не дај Боже да водам држава во која го апсат секој што ги слуша песните на Томпсон. Сите нека ги пуштат и Селма Бајрама нека ја пуштат. Тоа што ја мразат Србија, зборуваат за нив“, рече Вучиќ.
Тој рече дека во следните денови ќе ги „укине списоците“.
– Денеска во Србија нема никој што не реагирал од политичките партии и таканаречената демократска јавност. Затоа што има некоја пејачка која вели дека Србија е геноцидна земја и дека јас сум диктатор и која знае дека Србите се криминалци, но сака овде да зема пари , изјави Вучиќ.