Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека рускиот напад на Украина со интерконтинентални балистички ракети е очекуван и дека предупредил на таквиот развој на ситуацијата, што може да го доведе светот до катастрофа.
„Ако некој мисли дека може да пука што сака на територијата на Руската Федерација со логистика на западните земји, со западно оружје, кое го нема во Србија, Словачка или Украина, и дека тоа ќе помине без одговор на Путин, вие или не го познавате или не сте нормални“, рече Вучиќ.
Тој ова го изјави на новинарско прашање да го коментира фактот дека Русија ја гаѓа Украина со интерконтинентални балистички ракети, наведувајќи дека добро го познава рускиот претседател Владимир Путин и дека предупредил за таквиот развој на ситуацијата, но дека не бил сфатени сериозно.
Тој нагласи дека Србија не сака никој никаде да гине и дека сака мир.
„Сакам примирје и мир, иако претседателот на Украина, Зеленски, в лице ми кажа дека тоа не е добра идеја, а и од Москва го потврдија истото. И покрај тоа јас верувам дека тоа е единствената нормална и добра идеја и немам проблем со тоа, ако луѓето не го разбираат тоа во светот денес, не можам да помогнам“, рече Вучиќ.