За 24 часа во Бугарија починале 334 лица од ковид-19

од Milan1
324 прегледи

Во последните 24 часа од Ковид-19 во Бугарија починале 334 лица.

Дури 94,31 отсто од новите смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија не биле вакцинирани. Во последното деноноќие со коронавирус се заразиле 5.286 бугарски граѓани, што е речиси 11 отсто од тестираните со ПЦР или антигенски тестови.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заболени вкупно 638.048 лица, во болниците се сместени 8.516 лица, од кои 723 се на Одделенијата за интензивна нега. Само во текот на изминатито ден оздравени се 3.496 лица, со што вкупниот број се зголемува на 498 339.

Дозите на испорачани вакцини во Бугарија сега изнесува 2.978. 843, од кои за последниот ден се инјектирани 13.290.

 

Слични содржини