Полицијата информира дека три лица, поточно двајца кумановци и еден жител на Слупчане, липковско ги нападнале своите мајки. Случаитe биле пријавени на 26 мај.
Вчера во 16 часот во СВР Куманово, 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот син.
Во 17.30 часот и 70-годишна кумановка во полиција пријавила дека физички била нападната од нејзиниот син.
На полноќ полицајците уапсиле 24-годише жител на липковско Слупчане кој исто така ја нападнал својата мајка.
– СВР Куманово го лишиле од слобода Н.А. (24) од село Слупчане, липковско, затоа што физички ја нападнал неговата мајка. Н.А. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од полицијата.