За две недели повеќе од 2,3 милиони бегалци од Украина

од Milan1
174 прегледи

Од воените дејствија во Украина досега во други земји засолниште побарале повеќе од 2,3 милиони лица, од кои повеќе од 112 илјади државјани на трети земји, соопшти денеска Агенцијата за миграции на ОН.

Полските погранични служби денеска објавија дека од почетокот на воените дејствија во Украина на 24 февруари до денеска во Полска влегле 1,43 милиони бегалци. Само во текот на вчерашниот ден тоа го сториле 117.600 лица.

Само во текот на денешниот ден до 7 часот изутринава украинско-полската граница ја преминале околу 22 илјади лица.

Слични содржини