За една година путерот во Германија поскапел седум пати!

од Milan1
25 прегледи

Путерот достигнува нови рекордни цени на пазарот, а во големопродажба веќе чини од 7,55 до 8 евра за килограм, со индиции за дополнително поскапување. На млечниот спот пазар – каде што меѓусебно тргуваат млекарниците – цената на суровото млеко е 0,55 евра за литар и тоа е една од главните причини за толку високата цена на овој млечен производ, забележуваат аналитичарите.

Причината за ова е што има помалку крави и фарми во целата земја, па цените би можеле да пораснат на рекордно ниво оваа есен, објави Политика.

Цената на пакување путер од 250 грама во Германија веќе една година постојано расте. Експертите сега претпоставуваат дека неговата цена наскоро ќе го надмине претходното највисоко ниво, онаа од крајот на 2022 година.

Според податоците на Федералното биро за статистика, путерот во јули годинава бил поскап за 33 отсто во однос на пред една година. Според Федералниот институт за земјоделство и храна, бројот на молзни крави низ Германија минатата година паднал за околу 96.900 грла во споредба со 2022 година.

Слични содржини