Стерилниот свет на Г-20 беше гротеска: бесплатно бифе, скапи пијалоци и тивки разговори меѓу одбрани луѓе. Тие така и не ја помирисаа сиромаштија и гневот надвор од ѕидовите на тврдината, пишува Ханс Пфајфер.
Општиот впечаток е слоевитоста, противречна и загрижувачка. За мене сепак звучи неприфатливо да бидат третирани како “соучесници на левите терористи” сите оние кои дури само се обидуваат да зборуваат за противречностите во денешниот свет. Потресен сум и од тоа што многумина политичари, новинари и други коментатори кои немаат доволно информации за тоа што се случило во Хамбург, сега делат наравоученија.
Хулиганите деца на милионери
Една вооружена толпа групи на крајните левичари, адолесценти со вишок од тестостерон и странски ловци на искуства го предизвикаа бранот на насилства што го загрози животот на многу луѓе. Ова насилство делумно беше видливо организирано, делумно сепак сосема спонтано. Извршителите беа надуени од желбата за ексцеси – и ова е особено страшно, затоа што беа подготвени да прегазат се пред себе, без воопшто да размислат за живите луѓе. Од политичка гледна точка овие сторители едноставно уништуваа еден од најважните темели на јавните прогрес: дијалогот.
Во моментов не е толку важно да ги бараме причините за избувнатата омраза. Клучно е оваа омраза да биде ставена под контрола, за да стапи повторно – дијалогот. Важно е и нешто друго: разузданото насилство не треба да се поедноставува. Бидејќи во протестите учествуваа не само т.н. “автономни” (т.е. анархисти ), туку и жедни за емоции мамини синчиња од милионерските квартови на Хамбург. За политика тие не се заинтересирани. За нив е важно само да ги измерат силите со државната власт. Тие самите живеат под стаклено звоно на благосостојбата и доживуваат презир кон сопственоста на другите. Бидејќи од нивна гледна точка секоја материјална сопственост може лесно повторно да се набави.
Но и стратегијата на полицијата беше атентат врз истиот јавен темел – дијалогот, бидејќи полицијата се обиде да ги спречи луѓето да влезат во дијалог со учесниците на самитот на Г 20. Ова е алармантно. Со очите видов како полицајците тргнаа на лов. Видов, сепак и такви полицајци, кои викаа на своите претпоставени да излезат на улица, наместо да даваат наредби за мерки дури против најмногу безопасни групички демонстранти. Видов полицајци кои совршено неразумно ги клоцаа демонстрантите, видов и акција со водени топови против еден фотограф на пуста улица – е тоа веќе ја поминува секоја мерка. Таква стратегија, според мене, е опасна бидејќи создава и во главните на самите полицајци бетонира несоодветен имиџ на непријателот. Така тензиите во општеството дополнително се зголемуваат.
Легитимна е и критиката против полицијата
Мојата критика против полицијата е предизвикана од гневните коментари на “Фајсбук”. Според некои тоа и е работата: да го чува законот, кога се наметнува дури и преку сила. Но токму затоа што има право да употреби сила, полицијата е должна да го прави тоа со мерка. А пак во Хамбург полицијата и политичарите дури и самите го прекршија законот кога ги растурија овластените од судот кампови на демонстрантите.
За третиот аспект на несилствата – дијалогот, досега воопшто не стана збор: Зошто мораше 20 000 полицајци да ја чуваат средбата на Г-20, само и само да се обезбеди нејзино спроведување? Ако се апстрахираме од сите анализи на потенцијалните опасности, за мене останува ужасниот заклучок дека едно општество со претензија за отвореност е принудено да крева слични ѕидови.
Откако три дена водев интервјуа со демонстранти, за мене беше вистинска гротеска да се дојде во стерилниот свет на самата средба на Г 20: бесплатна шведска маса и луксузни пенливи пијалаци, бесплатни весници и пригушени разговори меѓу новинари и дипломати. Имам чувство дека повеќето од овие луѓе така и не го подушкаа мирисот на сиромаштија и гневот во кој беа потопени демонстрантите надвор од ѕидовите на тврдината. Близината до власта и возбудата од тоа барем еднаш да го видиш Трамп “во живо” очигледно беа посилни од преголема вжештеност на улицата однадвор. Лично јас не го делам многу ставовот на оние кои ја критикуваат Г-20. Но нивното страсно застапување против експлоатацијата и гладот во светот заслужува признание. И треба да се срамат сите оние кои им се потсмеваат поради простодушноста или дури ги жигосуваат како “левичарските фашисти” поради ескалацијата на насилството – изедначувајќи ги на тој начин со десничарските кенгури кои ги извршуваат бегалцигте и бездомниците.
Г-20 е дијалог
Не им е лесно да го признаат тоа, но слични самити треба да се можни и во град како Хамбург. Бидејќи Г-20 на крајот значи дијалог. А алтернативата на овој дијалог се повеќе високи ѕидови.
Многу мои пријатели од Хамбург станаа сведоци на настаните во изминатите денови. Сите тие се возбудија и сакаа да разговараат со своите пријатели, за да ги споредат своите впечатоци. Сите тие се шокирани од насилството, одиграносе буквално пред нивниот праг. Во исто време се згрозуваат од пречките кои полицијата ги поставуваше со недели. Сите чувствуваат дека она што се случило е комплицирано и недообјасеното – и разговорите меѓу нас се водат добронамерно, без предрасуди и диференцијации. Така по Г-20 во Хамбург за мене останува еден заклучок: треба да разговараме.