И кажа дека ова е многу битно за европската иднина за Македонија.И таа нему.И сигурно е така!ZZ

Му кажа и дека за тоа е одговорна и власта и опозицијата, а тие се загрижени за тоа.Заев веднаш по разговорот ја информира јавноста со соопштение:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вчера телефонски разговарал со високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и го повторил ставот на партијата дека рамката дефинирана со договорот во Пржино е единственото реално решение на тешката криза со којашто е соочена нашата држава,  се вели во соопштението од  СДСМ.

– На Република Македонија и се неопходни кредибилни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци.Заев ја информираше Могерини дека опозицијата не ги повлече досега своите членови на ДИК за да го обезбеди своето присуство и контрола на процесот и за да спречи можни манипулации и злоупотреби, се додава во соопштението.

На оваа тема, како што информираат од СДСМ, ќе се дебатира и на денешниот состанок со коалициските партнери и предлогот на СДСМ ќе биде тоа учество да продолжи за да се спречат евентуални манипулации со избирачкиот список.

Могерини по Заев ќе му се јави и на Димитриев и на Груевски.Во меѓувреме пушти и таа соопштение:

Политичките партии мора да работат заедно за да обезбедат кредибилни избори во интерес на граѓаните и земјата, изјави во четвртокот вечерта високата претставничка на Европската комисија (ЕК) за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини по телефонскиот разговор со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Во овој поглед, имплементацијата на политичките договори, вклучувајќи ги итните реформски приоритети, е од огромно значење. Заедно со САД, колективно ги поддржуваме сите партии и актери во овие напори и ќе продолжиме тоа да го правиме во наредниот важен период. Ги повикуваме сите партии да останат целосно посветени на договорениот процес“, порача Могерини

Сепак таа малку задоцни со својот влез во македонската политичка криза.Она што вчера му го соопшти на Заев, веројатно требаше многу порано лично да го демонстрира и да им го  каже и на Заев и на Груевски.

А што со тоа ?

Нормално е , и најлесно за ЕУ е да пробаат да го скршат ставот на опозицијата и на Заев, и првото обраќање да биде кај него. Сепак тоа  го покажува само немањето концепт за излез од кризата на Брисел, и тоа покажува дека главоболката на опозицијата и Македонија сега преминува конечно  и на Могерини, и  дека Хан и на Орав и остали… не ја завршиле работата.

Ако опозицијата не отиде на избори ЕК и Могерини ќе имаат проблем. Тие ден потоа ќе треба да пресечат и да дадат одговор што е кредибилно , што не. Тие ќе треба сега да размислуваат за  првпаат како да одземаат препорака.САД се помирни- тоа е работа на Брисел, а тие ќе следат.

Заев е во многу почиста позиција.И точно тоа и го кажа на Могерини. Не се сменија условите, власта одглуми дека нешто као реформира, но работите освен што се начнаа не дојдоа ни до половина, ништо повеќе од констатирање на проблемот, или дијагноза без терапија и време за лечење.

Заев дефинитивно е помирен, ништо не излажа,  повика на пржински договор за излез, бараше примена за менување на условите,  меѓународните гарантори најнакрајот непринципиелно се повклекоа, и повторно сме сите на почеток.„ Све је исто ко и лани“ стапот  е кај власта, медиумите  и „спонтаните тв анкети од народот “ исто,  и вокабуларот е ист- Ајде на избори  и бегате дека се плашите дека ќе загубите.!?timthumb (10)

Во предност е Заев, затоа што нема што има што да  добие , а нема  што да изгуби со бојкотот на изборите.

Конечно ќе се прочисти уште еднаш маглата околу неговото најблиско опкружување, околу вистинските колаиционери, дали се привезоци за да дојдат на власт или за вистински реформи и промени. Се ќе  проветри докрај ,да сега  ќе се стави и  ѕидот на поделбата на  општеството кој каде зошто припаѓа и што сака. НАсилниците ќе се покажат и ќе ги нагазад нистомислениците  и со ваков список и медиумски контекст, дефинитивно ќе се докаже дека нема фер услови за фер борба, и дека ваква Македонија нема ниту своја ниту европска иднина.

Тука сме повтроно исто како на почетокот пред пржинскиот договор.Џабе изгубено време без крајна цел,  во чие име веројтано се направија многу грешки од сите сосе гаранторите но сега е доцна, зборуваме за Македонија како држава ,не како партија.

Блокот кој е против ваков расплет и продолжување на агонијата со нефер изборни процеси, злоупотреба и приватизација на инстуциите, подстрек за насилие и поделба, криминали , притисоци и страв, е се поголем. Демократскиот сојуз од колиционерите на Груевски го предводи тоа,  ДОМ исто  новите левичари, албанската опозиција, новите солидарни движења, голем дел од гражанскиот сектор.

Сите тие не се со СДСМ,  но сите тие се против Груевски и неговиот концепт на владеење.mkd-11618

НАј накрај треба да се почека и стравот и ставот  на граѓаните. Не е само до избирачкиот ДИК и пребројување на експертеи на ДИК кој што ќе направи. На списокот се граѓаните а тука  е  тоа клучното – нивната одлука. колку и да ги развезуваат со комбиња, автобуси , со списоци на админастрацијата, сега и теи ќе треба да се решат и да изберат. Македонија или лична корсит и работичка. Тие се главни  и ќе треба дас е покажат во што веруваат.Ќе излезат или не на избори, без разлика кој ќе учествува кој не . Тоа ќе биде клучниот аргумент и показ за Македонија.

Така што ајде побргу на избори, за да се соочат сите со реалноста, и граѓаните, и партиските концепти  и политиките на ЕУ и САД.

Ад

 

Слични содржини