202
Турција заработи 1,84 милијарди долари од извоз на лешници во период од септември лани до април оваа година, што претставува зголемување од 50,9% во однос на истиот период претходната година, пренесува Хуријет.
Во овој период од Турција се извезени 277.281 тон лешници, додека претходната сезона извозот беше 210.600 тони.
Скоро 77% од извозот на турските лешници оди на пазарите во Европската унија. Од извоз на преработки од лешници се инкасирани 657,5 милиони долари, додека остатокот е од извоз на сирови лешници.
Инаку, Турција е најголем извозник на лешници во светот.