32
Денеска, за прв пат во историјата, Канада назначи жена за началник на Генералштабот.
Џени Каринијан ќе го наследи генералот Вејн Ири, објави „CBC News“.
Каринијан, која е воен инженер, командувала со војници во Авганистан, Босна и Херцеговина, Ирак и Сирија во текот на 35-те години минати во армијата, а на 18 јули ќе ја преземе функцијата началник на одбранбениот штаб, пренесува Ројтерс.