За првпат по шест години Погубен затвореник во Оклахома

од Milan1

Во американската сојузна држава Оклахома по шест години пауза извршена е смртна казна со инјекција. Затвореникот Џон Марион Грант, осуден поради убиство, егзекутиран е во затвор во градот МекАлестер.

Грант е првиот осуденик во Оклахома кој е погубен откако праксата беше прекината во 2015 година, по неколку неуспешни инјекции.

Во САД минатата година беа егзекутирани 17 затвореници.

Следните две егзекуции во Оклахома се закажани за 18 ноември и 9 декември. Делови од САД ја укинаа смртната казна, но таа е во сила во 27 од 50 држави.

 

Слични содржини