Гастрономски и нутритивен хит што ги замени никулците како нова суперхрана е зелката. Прелистувајќи ги кулинарските канали на социјалните мрежи, ќе наидете на безброј видеа од готвачи од целиот свет кои ја фалат зелката како исклучително разновиден зеленчук.
Зелка е многу богата со хранливи материи. Содржи растителни влакна, половина од дневната потреба за витамин К, третина од потребата за витамин Ц и десет проценти од дневната потреба за фолати. Овој лиснат зеленчук содржи и траги од манган, витамин Б6, калциум, калиум, витамин А, железо и рибофлавин.
Зелката припаѓа на семејството на крстовидни, заедно со брокулата, карфиолот и кељот. Сите тие содржат соединенија кои се борат против ракот и имаат моќ да го контролираат воспалението, а исто така го намалуваат ризикот од проблеми со срцето.
Во исто време, за разлика од некои други намирници кои имаат репутација на суперхрана, како што се авокадото или боровинките, зелката е исклучително корисна а килограм зелка чини од 15 до 30 денари.