Забрана за тешки товарни возила поради врнежите од снег е воведена на патните правци Маврово-Дебар, Стража – Кичево, Македонски Брод-Прилеп преку планинскиот премин Барбарос и Крива Паланка-Деве Баир. На патот Тетово – Попова Шапка, покрај забраната за тешки товарни возила, воведена е и забрана за автобуси.


На планинскиот превој Плетвар, пак, од 11:40 часот е укината забраната за тешки товарни возила.
Поради магла намалена видливост од 50 до 100 метри има кај Страцин и на планинскиот премин Буково.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози,а на некои повисоки места во западните делови има остатоци од кашест снег на коловозот.

Слични содржини