67
Катастрофална вест доаѓа од Појасот Газа каде и понатаму се случуваат страшни напади, а во еден таков напад животот го загуби и еден фудбалер, но и целото семејство. Како што јави руската новинска агенција РИА, за време на бомбардирањето на Појасот Газа загинал фудбалерот Хамди Лубад.
Според информациите на новинарот Абубакар Абед, пренесени од руската новинска агенција РИА Новости, Хамди Лубад, неговата сопруга, како и нивните четири деца загинале при израелското бомбардирање, кога бомба паднала врз стан во Појасот Газа.
– Лубад е дури 303. фудбалер кој загина во овие бомбашки напади, истакна новинската агенција.